Македонија
4. September 2017 - 17:38

Дискусија за инклузивност на ранливите категории граѓани преку образование

Дискусија на тема „Општествена инклузивност на ранливите категории граѓани преку образование" се одржа денеска во Скопје. Целта на дискусијата е подигнување на свеста за значењето на образованието на ранливите категории на граѓани, како клучен елемент од кој зависат и тие самите, но и севкупниот развој на заедницата.

Дискусијата ја организираше Кабинетот на Министерот без ресор, задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија Самка Ибраимовски, во соработка со МИТ Универзитет - Скопје.

- Главно социјална ранлива категорија во Македонија претставуваат лицата со низок степен на образование. Оваа категорија е доминантна во структурата на невработени лица. Недоволното образование кај оваа категорија на население се респектуира на социјалната положба на повеќе начини и тоа преку намалена можност за вработување поради нивната неконкурентност особено карактеристична за ромската популација која отскокнува во структурата на невработени лица во државата. Преку неинформираност на населението за своите права и можностите при отсуство за едукација на новите генерации со што магичниот труд на сиромаштијата се продлабочува. Немам пари за школување, е најчестото оправдување, рече Ибраимовски.

На отворената дискусија, како што соопштија од неговиот кабинет, се обратиле и Билјана Апостолова генерален директор на МИТ Универзитет, Мабера Камбери раководителка за координација и техничка помош на министерката за труд и социјална политика, Софи Беумот програм менаџер делегацијата на ЕУ во Р. Македонија, Ванчо Петрушевски заменик директор Биро за развој на образование, Надир Реџепи извршен директор Ромски образовен фонд и Билјана Дуковска претседателка на македонска платформа против сиромаштија.