Дисциплински мерки за полицајците кои приведоа членови на Левица
Против четворица полицајци коишто во саботата употребиле физичка сила при врз членовите на Левица кои протестираа пред воените возила на војските на АРМ и УСА кои беа презентирани на полоштадот во Скопје, ќе бидат преземени дисциплински мерки.
Како што соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски, истрагата ја извршила Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди по наредба на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски
- Утврдено е дека од страна на четворица полициски службеници врз четири лица неосновано била употребена физичка сила, а над тројца од нив без основа е употребено средство за присилба-врзување со лисици. Против полициските службеници кои што ги пречекориле службените овластувања и постапиле спротивно на член 83 и 85 од Законот за полиција ќе бидат преземени дисциплински мерки согласно Колективниот договор на МВР и ќе биде известено надлежното јавно обвинителство во Скопје, истакна Ангеловски.
Ново на Сител
-
Во општина Гостивар гласале над 20 илјади граѓани
-
До 15 часот во Велес излезеноста 38,93 отсто, во Чашка 37, а во Градско 41,64
-
МВР: Регистрирани пет нови инциденти при гласање ширум државата
-
Оваа година поголем одзив до 15 часот во споредба со 2019
-
Излезеноста во Куманово до 15 часот 33 проценти, во Липково 25, во Старо Нагоричане 35
-
Излезеноста на изборите до 15 часот во Дебар 22, во Центар Жупа 13,11 отсто
-
Во Новаци гласале повеќе од половина жители, најмала излезност во Центар Жупа
-
Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто