Македонија
20. May 2022 - 16:36

Дисциплинска постапка против спикерот Џафери во Комисијата за мандатно-имунитетни прашања сепак ќе има

Наредата недела почнува дисциплинската постапка за однесувањето на собранискиот спикер, Талат Џафери кон вработени потврдува за Сител претседателот на Комисијата за мандатно-имунитетни работи, Панчо Минов. Пријавата од ВМРО-ДПМНЕ со доказите е примена и таа во рок од 7 дена ќе биде дистрибуирана до членовите на работното тело, по што веднаш ќе биде свикана седница, вели пратеникот. Седницата е планирано да биде отворена за јавноста.

„Седницата откако ќе биде отворена, ќе се утврди пријавата и ќе се наведат доказите. Повикани ќе бидат сведоците, а покана ќе има и до тој на кој се однесува пријавата. Претседателот Џафери може да дојде, а може и претходно да се изјасни за наводите против него“, брифира Минов.

Одлуката за тоа дали има прекршување на етичкиот кодекс, вели Минов, на крај сепак, се носи со гласање и тоа е конечна одлука, односно случајот не оди на пленарна седница. Соодносот во Комсијата е 5 спрема 4 во корист на власта.

Од друга страна, Џафери повеќе од една недела молчи за снимката а на која се слуша како недолично се обраќа кон вработени од службата по завршување на седница.

Потпретседателот и пратеник на НСДП Горан Мисовски пак, вели дека Џафери е достоен претседател на Собранието.

За опозицијата оваа дисциплинска постапка ќе покаже дали во Македонија има демократски вредности.

Опозицијата обвинува дека власта спроведува и пасивен бојкот на парламентот бидејчи подолого време не работи веб страница на Собранието, пратениците не ги добиваат навреме материјалите за работа, немале редовна интернет конекција, а и снемувало струја.