Македонија
17. January 2019 - 12:20

Дисциплинска комисија ќе ја испитува исплатата на обештетувањето од земјотресите во Охрид

Дисциплинска комисија ќе ги испитува сомнителните активности при исплатата на обештетувањето од земјотресите во Охрид. Од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека на некои граѓани им биле исплатени повеќе средства од тоа што реално биле штетите, а други пак воопшто не биле обештетени додавајќи дека се сомневаат  во проценките кај одредени високи структури ангажирани во локалната самоуправа со што се направени огромни штети на буџетот на Македонија.

В.Д.Градоначалникот Константин Георгиески потенцира дека локалната веднаш штом забележала неправилности започнала со постапка за испитување на овој случај.

Од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ побараа од претседателката на советот на општина Охрид по завршувањето на дисциплинската постапка да упати писмо со кое ќе го информира Основното Јавното обвинителство за сомнежите кои постојат по однос на исплатата на штетите од земјотресите, како и до СВР Охрид и Владата на РМ.