Македонија
26. February 2019 - 16:09

Директорот на Шутка поднесе оставка но засега ќе остане директор

Ѓоко Котевски останува директор на затворот Шутка се до одржување на претседателските избор. Оставката на Котевски кој ја поднесе  со ден закаснување  од рокот кој го предочи премерот, Владата ќе ја разгледува  по изборите. Законот не дозволува таа да биде прифатена веднаш тврдат од Владата и не гледат проблем во тоа бидејќи оставката била чин на морална одговорност.

 „Оставката на директорот на истражниот затвор „Скопје“, Ѓоко Котевски е нотирата до Владата, но според сите законски прописи, истата ќе биде разгледувана по претседателските избори. Управата за санкции го процесира тој извештај. Оставката е чин на морална одговорност и не гледам проблем дека е сега поднесена.“,

Директорот Котевски денеска не сакаше да коментира пред медиумите за извештајот од внатрешната истрага која се водеше во затворот. За сега дисциплински мерки ќе бидат поднесени против 11 лица  поради пропусти во работењето.  Ќе одговараат чувари но и раководители кои со некоја постапка овозможиле да се случат двата инциденти во кои беа нападнати екс министрите Јанакиески и Ристовски. Деталниот извештај е тајна вели директорот на Управата за санкции.

Од вмро дпмне не се задоволни од епилогот и обвинија за линч. Побараа и политичка одговорност за случајот.

МВР сериозно ги разгледува состојбите во затворите по последните закани кои пристигнаа преку фејсбук од обвинети за случајот Диво Насеље а се блиски на лицата кои ги нападнаа екс министрите.

За состојбата во затворите реагираше и народниот правобранител кој укажа дека притворените и осудени лица слободно користат мобилни телефони во келиите. За инсталирање на блокатори Владата се уште нема одговор иако од управата било побарано да се одвојат средства. Владата уверува дека најавените реформи за затворите се одвиваат во континуитет.