Бизнис
14. October 2021 - 21:25

Директорот на МЕПСО предупредува дека енергетската состојба е лоша

Македонија со опомена од Швајцарската база која го контролира европскиот енергетски систем, дека земјава на големо троши струја од мрежата со која енергетски е поврзана со соседите. Потрошувачката била многу поголема од домашното производство и увозот.

Ни претстои тешка зима, како ќе паѓаат температурите, состојбата со струјата ќе биде се потешка, велат од Мепсо. Од таму велат дека во моментов земјава се снабдува со струја од еден блок во Рек и Тец Осломеј кој работи од вчера и има резерви за уште неколку дена. Состојбата со хидроенергијата е лоша, ниту дождовите нема да помогнат да се наполнат акумулациите. Сепак од Мепсо уверуваат, засега нема потреба од прогласување на вонредна состојба како што тоа го направи Албанија.

Од Мепсо тврдат дека сите фирми снабдувачи со струја кои во изминатиот период ги трошеа резервите на струја од компанијата, платите се заклучно со јули. Во следниот период МЕПСО ќе пресметува колку треба да платат уште за август.

Цената на струјата руши рекорди на светските берзи. Рамадани се надева дека цената ќе се стабилизира, во спротивно ситуацијата на глобално ниво ќе биде многу лоша.