Македонија
22. јуни 2017 - 13:45

Директорот на Клиничкиот центар Тетово бил уценуван од колега, еве како

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.Т. (41) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и “загрозување на сигурноста“. Во текот на 2017 година, пријавениот, како вработено лице во Јавна здравствена установа Клинички Центар Тетово- одговорен во секторот за човечки ресурси, од својот мобилен телефон упатувал закани на мобилниот телефон на директорот на Клинички Центар Тетово, како и лични закани и навреди кон истиот.

Исто така, пријавениот неовластено фотографирал со својот мобилен телефон разни класифицирани и некласифицирани документи и барања од Основното јавно обвинителство за разни настани и ги копирал и чувал во својата канцеларија.