Бизнис
15. January 2021 - 16:45

Директорот на индустриските зони очекува повисоки плати за вработените

Компаниите во зоните да ги зголемат платите. Биле пониски од просечната, која изнесува околу 28 илјади денари. Првиот човек на ТИРЗ  изненаден од како што вели, ниските плати кои странските газди им ги исплаќаат на работниците, и по втор пат од владина говорница, со препорака до нив – платите мора  да го следат растот на просекот.

„Тоа е мојот став, и смеам да го кажам. Јас не наложувам, но сакам да  зголемат. Тоа ќе го направиме преку програмата за специфични активности за развој на вештини, со кој ќе се зголеми  продуктивноста, со што ќе се направи позитивен притисок врз компаниите да ги зголемат платите“, изјави Јован Десподовски, директор на ТИРЗ.

Во компаниите лоцирани во зоните  работат над 14,000 лица. И покрај ковид кризата, немало отпуштања, туку нивниот број растел. Сепак, планирале 7,000 повеќе. Владата ќе бара начин како да го остварат тоа, но и да ги ги реализираат најавените инвестиции за проширување на производството, вредни 50 милиони евра. Инаку, само од зоните се извезуваат стоки од 2,6 милијарди евра, што во однос на 2019 е пад од 8%. Кризата го намали и увозот за 15 отсто, кој лани достигнал  2,2 милијарди евра. Вкупно на 29те компании кои работат во зоните,  минатата година им биле исплатени 10,6 милиони евра државна помош.