Директорот на ФБИ: Кина претставува поголема закана од Русија
Кина почна кампања без преседан за да влијае на јавното мислење во САД пред претстојните избори за Конгресот, и ова е најголемата и долготрајна закана за американската безбедност, изјавија денеска шефовите на американските контраразузнавачки агенции.
Членови на сенатската Комисија за внатрешна безбедност упатија прашања на министерот за внатрешна безбедност Кирстен Нилсен и директорот на ФБИ Кристофер Реј по повод изјавата на претседателот Доналд Трамп дека Кина се меша во американските избори.
На прашањето дали Пекинг е поголема закана од Москва, Нилсен одговори дека пред изборите во САД стојат две закани од странство: хакерство или саботажа на изборната инфраструктура (избирачки списоци или машини за гласање) и влијание врз кампањите.
- Сигурно Кина прави невиден напор да влијае на Американците, рече Нилсен.
Тој додаде дека досега нема докази за кинески обиди „да се компромитира изборната инфраструктура".
Директорот на ФБИ, Реј одговори на прашањето дали Кина е поголема закана од Русија, чие мешање во американската изборна кампања во 2016 година е предмет на внимателна истрага.
- На многу начини, Кина претставува најголема, најкомплексна и најдолгорочна контраразузнавачка закана со која се соочуваме. На многу начини, Русија се бори да остане значајна по распадот на Советскиот Сојуз. Таа ја води денешната битка, а Кина ја води утрешната битка, заклучи шефот на ФБИ.
Ново на Сител
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца