Свет
2. February 2017 - 16:17

Директорот на „Дасо“ казнет со два милиони евра поради затајување данок

Главниот извршен директор на француската компанија за производство на авиони „Дасо“, Серж Дасо, е осуден за затајување на десетици милиони евра данок во изминатите 15 години, јави дописникот на МИА од Париз.

Дасо, кој е и член на Сенатот на Франција, ќе треба да плати казна од два милиони евра, а со пресудата му се забранува одново да се кандидира за државна функција во следните пет години.

Според обвинението, Дасо затајувал даноко така што префлал пари на сметки на четири фондации и компании со седиште во Луксембург и Лихтенштајн. 

Дасо најверојатно ќе ја обжали пресудата, што ќе му овозможи да го заврши сегашниот мандат, кој истекува во септември.