Директорот на ЦИА најави распоредување повеќе разузнавачи во светот
Директорот на ЦИА Мајк Помпео изнесе план за засилена работа на американските агенти ширум светот, нагласувајќи дека за таа цел ќе испрати поголем број разузнавачи во странските земји. Тој, исто така, најави дека носењето одлуки го спушта на пониско командното ниво, поради подобра заштита на националната безбедност.
- Опасноста од намалена брзина и агилност е цена која нашата агенција не може да си ја дозволи,, а ни САД, изјави Помпео во говор на конференција за разузнавањето на Универзитетот Џорџ Вашингтон. Помпео не прецизираше колку агенти испраќа во разузнавачкик мисии, но рече дека е важно персоналот да биде посблизу до местата на кои непријателите се обучуваат и подготвуваат за акции. Тој додаде дека постои потреба носењето одлуки да се спушти на најниско ниво, бидејќи шефовите во ЦИА станиците и бази ширум светот би требало во највисок можен степен да бидат во состојба да донесуваат одлуки кои ќе влијаат за одредена ситуација.
Помпео е шеф на ЦИА од јаннуари, во период на засилени напади на исламски екстремисти, агресивно однесување на Русија, нови закани од Северна Кореја и тензични односи меѓу претседателот Доналд Трамп и разузнавачките агенции.
Ново на Сител
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Граѓаните гласаат за седми претседател на државата
-
Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани