Loading Video...
Спорт плус
21. December 2017 - 19:34

Директорот на АМС, Дарко Каевски на средба со спортските новинари

Дарко Каевски, директорот на Агенцијата за млади и спорт денеска оствари средба со спортските новинари од електронските и печатени медиуми.

Целта на оваа средба на Каевски е отвореност на Агенцијата за соработка, сугестии, различни ставови на спортските новинари, како и укажување на важноста на мислењата на спортските новинари за сите поединости врзани за спортот.

Како најава за претстојната 2018 година, Каевски од капиталните инвестиции кои ги планира Владата преку Агенцијата за спорт и млади, го најави проектот за изградба на повеќе мали  базени во склоп на поголемите училишта, каде дел од наставата на физичкото образование ќе биде и пливањето. Идејата е иницирана пред се од фактот дека е се поголемиот бројот (процентот) кај децата со телесни деформитети.

Стана збор и за пренасочување на средства кон младинските клубови во голем број на федерации, со цел подобрување на условите за работа и мотивација за младите спортисти. Проектот опфаќа 240 млади клубови, а сумата за распределба е 22.500.000 денари.

Посебен програма е воведена за работа на спортисти кои се потенцијални олимписки кандидати.

Низ низа анализи и предлози ќе се направат измени во законот за спорт, онаму каде се заклучи дека се потребни промени.

Во постапка е посебен проект кој ќе овозможи увид во спортските објекти, како проверка на валидноста на договорите за закуп и нивната исправност.