Македонија
20. May 2019 - 10:31

Директорот на Агенцијата за заштита на лични податоци поднесе оставка

Горан Трајковски, директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци поднесе оставка на функцијата. Ваквиот чекор Трајковски го образложил со лични причини, а оставката во петокот била досетавена во Собранието.

Трајковски во минатото беше и директор на Управата за јавни приходи, а во Дирекцијата за заштита на личните податоци е од 2016 година.