Македонија
18. April 2019 - 21:07

Директор не му плаќал на вработен за прекувремена работа, заработи кривична пријава

СВР Битола поднесе кривична пријава против П.Н. (52) од Крушево и правно лице од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.
 
Првопријавениот како одговорно лице во второпријавеното правно лице, во годишна даночна пријава за 2017 година, прикажал добивка со намален износ за 194.562 денари од реално остварената добивка на второпријавеното правно лице, по што извршил уплата на данок во износ намален за 19.456 денари.
 
На овој начин, првопријавениот се стекнал со противправна имотна корист на штета на Буџетот на Република Македонија.