Македонија
30. January 2018 - 22:25

Директор на една од највисоките државни културни институции вечерва пијан прегазил девојче во скопска Кисела Вода

Директор на една од врвните државни културни установи во Македонија вечерва околу 21:20 часот прегазил девојче во скопската населба Кисела Вода.

Според неофицијалните информаци несреќата се случила во близина на Шампионче, а директорот според се уште непотврдените информации бил под дејство на алкохол а дрегерот на полициските службеници покажал исклучително висока концентрација.

Девојчето веднаш било префрлено во болница но се уште немаме информација каква е нејзината состојба. 

Директорот пак е задржан во полициска станица.

Од МВР се уште не може да се добие потврда на оваа информација