Дирекцијата за заштита и спасување одбележа 13 години од формирањето
Воспоставување систем за заштита и спасување на ниво на цела држава, доекипирање и опремување на тимовите, враќање на дел од долгот кој новото раководство го затекнало по доаѓањето на чело на Дирекцијата за заштита и спасување, се дел од активностите кои ги спровела оваа институција.
Директорот на ДЗС, Аднан Џаферовски на денешната свеченост во касарната „Гоце Делчев“ по повод одбележувањето на 13-годишнината од формирањето на Дирекцијата истакна дека за само неколку месеци е вратен речиси половина од долгот, а во план е целосно да се врати до крајот на годината.
- Пред девет месеци кога прв пат зачекорив состојбата беше катастрофална од секој аспект. Затекнавме долг од 70 милиони денари и над 40 милиони денари неподмирени судски, адвокатски трошоци, трошоци за извршители и други давачки. Десет години во континуитет за стапката капитални инвестиции не бил издвојуван ниту денар, рече тој.
Новото раководство во институцијата затекнало незаконско издавање стотици лиценца на правни и физички лица за сервисирање на противпожарни апарати, стабилни системи и хидрантски мрежи.
Џаферовски нагласи дека Дирекцијата работи на истрага и оти за тие активности се покренати соодветни правни постапки.
Тој нагласи дека Дирекцијата работи на исполнување на превенција, едукација, надзор врз спроведување на мерките.
Во оперативниот дел прв пат е конституиран Републичкиот штаб за заштита и спасување, извршено е ревидирање на постојниот и резервниот состав за заштита и спасување, како и на тимовите за брз одговор.
Севрисирани се воздухопловите и тие, како што информира Џаферовски се целосно подготвени за дејствување. Навабени се нови униформи за пилотите, а во тек е набавка и на униформи за дел од припадниците на силите за заштита и спасување. Извршена е и обука на пиротехничари и деминери, согласно НАТО стандардите.
Џаферовски истакна дека Дирекцијата работи на проект заедно со сродните институции во Албанија, Грција и Бугарија и додаде дека е вклучена во повеќе меѓународни проекти, со што ќе се овозможи и нејзино постепено доекипирање.
Пред присутните се обрати и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој напомена дека концептот на заштита и спасување е еден од базичните системски механизми, според кои може да се добие јасна претстава за капацитетите, перформансите и зрелоста на едно општество, неговите институции, адекватно и ефикасно да одговорат на разните можни кризи и предизвици.
- Во тој комплементарен сегмент од институционални чинители, Дирекцијата за заштита и спасување го зазема централното место, како дел од раното предупредување, односно следењето и проценката на состојбите, така и во делот на директен одговор кон загрозувачките ситуации, рече Спасовски.
На свеченоста директорот им додели плакети на најдобрите соработници, а меѓу нив беше и Спасовски.
По свеченоста беше организирана презентација на опремата и ресурсите со кои располага ДЗС.
Дирекцијата за заштита и спасување е формирана на 16 мај 2005 година. Таа е самостоен орган на државната управа, кој настана со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Столе Наумов
-
Пулмологија полна – Загадениот воздух причина за повеќе пациенти со компликации
-
Донација од Прилепска пиварница
-
Прво подготвителна седница па конечна одлука - Уставен следната година ќе одлучува за законот за јазици
-
ДУИ се заканува со нови протести – ВРЕДИ слави
-
Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, истражува кој плаќал и кој земал поткуп
-
Ахмети: Ако се докаже корупција, Груби сам ќе ја напушти ДУИ
-
Лајчак: Искористете ја шансата за влез во ЕУ, да не останете запоставени