Македонија
17. July 2019 - 16:14

Дипломатски односи со Кипар на крајот од август-Димитров очекува добри односи и со новата грчка влада

Министерот  Димитров   оптимист дека односите со новата грчка Влада ќе продолжат  во нагорна насока. Договорот од  Преспа е  завршена работа и е дел од меѓународното право. Сега е време двете земји да ги искористат можностите и перспективите кои овој догворо ги нуди, истакна шефот на дипломатијата  за време на дискусијата на тркалезната маса со претставниците на грчката Влада.

-Имаше голема поддршка од мегународната заедница, па и повеке од тоа... Мислам дека и покрај  мегународното право и кредибилноста кои се вплетени во имплементирање на Преспанскиот договор, мораме да градиме чувство и  овде во Атина, со новата Влада,  дека ова не е  товар туку можност., и тоа ке го оствариме.

Шанса за стабилзиирање на односите мегу двете земји гледа и новиот заемник министер за  надорешни работи на Грција Вавициотис.  На заедничката дебата, тој истакна дека во следниве месеци догворот од Преспа може   да се направи   покорисен за двете  страни преку пристапниот процес во ЕУ на северниот сосед. Според него постои простор за соработка на полето на економијата туризмот и инвестициите , но инсистира дека Грција ке работи на  на заштита на трговските ознаки и имиња.

Амбасадорот на САД во Атина, Џефри Пајат ги поздрави напорите на двете земји за  стабилизација на регионот, истакнувајки дека во фокус на САД интеграцијата на Македониа во НАТО.

На денешната конференција,  меѓу Димитров и неговиот  колега од Кипар  Христодулидес  договорија на   на 29 август во Хелсинки да се потпише  догворо за вопсотавување дипломатски односи мегу двете земји.