Дипломатски инцидент меѓу Јапонија и Јужна Кореја поради ракчињата што ги јадел Трамп
Азиската турнеја на Доналд Трамп предизвика дипломатски инцидент и размена на протестни ноти меѓу Јапонија и Јужна Кореја, објави „Фајненшл тајмс“.
Причината е што за време на свечената вечера во Сеул, јужнокорејските домаќини го послужиле американскиот претседател со ракчиња од островите Лианкорт, кои исто така се познати под имињата Докдо или Такешима, и за кои Јапонија и Јужна Кореја имаат територијален спор.
Се работи за две островчиња и 30 помали карпи, на кои живеат двајца постојани жители и кои во моментов се контролирани од Јужна Кореја, која држи чета војници на еден од островите. Јапонија, сепак, тврди дека островите се нејзина сопственост, а спорот е поттикнат од риболовните интереси, како и од потенцијалните наоѓалишта на нафта и гас.
Јапонските дипломати доставиле протестна нота до Јужна Кореја поради изборот на јадењето за време на посетата на Трамп, велејќи дека се работи за намерна провокација. Јапонските дипломати изјавиле дека ракчињата уловени кај островите Докдо воопшто не се сметаат за посебен вид на рак, и дека тоа што во менито на претседателот Трамп биле именувани како „Докдо ракчиња“ се врши притисок за да се промовира јужнокорејската сопственост врз островите.
Дополнително, Јапонците сметаат дека Јужна Кореја ги навредила и со поканата на 88 годишната Ли Јонг-су да присуствува на вечерата со Трамп. Ли била една од илјадниците корејски жени кои за време на Втората светска војна биле грабнати од страна на јапонската армија и принудени да ги придружуваат и сексуално да ги задоволуваат јапонските војници. Трамп за време на средбата разговарал со Ли и срдечно ја прегрна.
Во 2015 година, Јапонија постигна договор за обештетување на тие жени, и им исплати по девет милиони долари, но, според јапонските дипломати, јавното промовирање на ова историско прашање е спротивно на договорот што бил постигнат меѓу двете земји и преживеаните Корејанки.
Ново на Сител
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година