-->
-->
Димовски: Зголемување на социјалните бенефиции за повеќе категории граѓани
-->
Носителот на кандидатска листа за пратеници за ИЕ 3 од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски денеска од Крива Плаанка најави зголемување на повеќе социјални бенефиции кои ги добиваат од државата повеќе категории граѓани.
- Во нашата програма е предвидено зголемување на социјалната помош за 50 проценти, таа веќе во минатите години се покачи за 69,8 проценти, зголемување на постојаната парична помош за дополнителни 50 проценти, за 25 проценти зголемување додаток за квадриплегија, односно за мобилност, за 21,5 проценти зголемување на додатокот за глуви лица и други мерки, изјави Димовски.
Предвидени се, рече, и Законски измени за овозможување повеќе олеснувања на семејствата на лица со попреченост.
- Ќе се направат законски измени со кои на родителиет на лица со пречки во развој ќе им биде гарантирано работното место, ќе се зголеми за 50 отсто додатокот кој родителите на лица со попреченост го добиваат за скратено работно време, ќе се продолжи рокот на правото за скратено работно време, не само за овие родители на деца под 26 години, туку и над 26 години, ќе се зголеми и додатокто за енергетска сигурност за дополнителни 50 проценти кој ние го воведовме и многу други права на лицата со попреченост ќе се зголемат, додаде Димовски.
Додаде дека со програмата „Реално“ се предвидени десетици и десетици мерки за лицата од социјални категории кои имаат најголема потреба за помош и поддршка од државата.
- Ова го велиме и ветуваме врз база на кредибилитет, зашто досега сме вовеле многу права или сме ги зголемиле драстично паричните средства коишто ги добивале граѓаните по основ на социјални потреби. Овој пат ветувањата се исто такви, врз база на кредибилитет и знаеме дека граѓаните со сигурност ќе знаат дека овие ветувања од страна на ВМРО-ДПМНЕ ќе се остваруваат во следните неколку години, потенцира Димовски.
Илија Димовски заедно со кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Крива Плаанка од кандидатска листа за ИЕ3, Слаѓана Митовска остварија средби со граѓаните на оваа општина на кои беа презентирани и останати мерки и проекти предвидени со програмата за предвремените парламентарни избори.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.