Македонија
22. January 2021 - 14:03

Димовски: Законот за попис е резултат на претходно договорени работи помеѓу партиите од власта

Пописот ќе биде политичка операција, наместо статистичка, која е резултат на претходно договорени работи помеѓу партиите од власта вели, лидерот на СПМ и пратеник Љупчо Димовски за Радио Лидер.  

– Вчера се покажа насилството кое го врши мнозинството во Собранието, кое всушност стои на стаклени нозе. Мнозинството на еден неодговорен начин го изгласа законот за попис со 62 гласа. Ние како опозиција воопшто не присуствуваме бидејќи не сакавме да дадеме легитимитет за закон за кој нема консензус, вели Димовски за Радио Лидер.

Тој вели дека овој закон наместо статистичка операција пописот се претворил во политичка операција.

– Законот за попис е резултат на претходно договорени работи помеѓу партиите од власта, потенцираше Димовски.

Тој додаде дека опозицијата предлагала да се одложи реализацијата на пописот.

Сите наши предлози кои ги имавме беа одбиени. Слух за нашите зборови нема, а мнозинството не се обиде да разбере што всушност бараме ние, додаде Димовски.

Тој смета дека со немањето слух за предлозите на опозицијата не знае колку може пописот да се смета за релевантен.