Димовски: Сите очекуваа да научат нешто, тие уште послабо работат, не ги бива!
Сите очекуваа да научат нешто, тие уште послабо работат. Полоши се од самите себе, ова не се поправа, пишува Илија Димовски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на својот Фејсбук профил.
Во продолжение следува неговиот статус:
2018 година, СДСМ на власт, економски лоша година:
капитални расходи во првите три месеци само 29 милиони € или само 7,46% од предвидените средства…
2019 година, СДСМ уште малку на власт, економски изгубена година: капиталните расходи во првите три месеци се уште пониски и помали и изнесуваат само 26 милиони € или 6,21% од предвидените средства…
Сите очекуваа да научат нешто, тие уште послабо работат!
Полоши се од самите себе!
Ова не се поправа! НЕ ГИ БИВА!
Ова треба да заврши поскоро!
П.С. Капиталните расходи во буџетот се оние средства што државата ги користи за поправање и правење на болници и училишта, за градење и реконструкција на патишта, за нови градинки, за водоводи, за канализациони системи, за хидросистеми, за нови театри, за нови спортски сали, за изградба на колектори, за се што значи градба и реконструкција…
П.С.С. Годинава имаме историски најголем буџет и зголемени даноци и историски најмалку пари за граѓаните…
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка