Димовски: Прашајте се зошто во Бугарија има песни и за Гоце Делчев, Даме Груев
До каде фаќа песната до таму е земјата...
Георги Раковски
Георги Бенковски
Васил Левски
Христо Ботев
Хаџи Димитар
Стефан Караџа
Ги знаете ли од народни кажувања овие големи ликови за бугарската држава, запраша поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на Фејсбук.
„Сте слушнале ли една песна од вашиот дедо за било кој од овие бугарски револуционери?
Некаде некој на некоја прослава испеал ли песна за овие луѓе? Вашиот татко, чичко, комшија, соселанец, сограѓанин?
Ви раскажала ли вашата баба за некој од овие луѓе?
Не, нема во Македонија ниту песни, ниту преданија, ниту раскажувања за ниту еден од овие шест најголеми водачи на бугарската револуционерна дејност...
Но во Бугарија има песни и за Гоце Делчев, Даме Груев, Сандански, Христо Узунов, Јован Алабакот, Методиј Патчев,...
Прашајте се зошто?
П.С. Честит празник на Бугарија.
Не е наше да се мешаме зошто Бугарија за свој државен празник прославува неуспешен и никогаш реализиран договор помеѓу две сосема други држави, Турција и Русија,
но наше е да кажеме дека прославувањето на овој ден од страна на Бугарија покажува симболизам на реални територијални претензии и претензии за уништување на македонската засебност, јазик и идентитет“, напиша Димовски.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо