Македонија
14. March 2021 - 20:10

Димовски: Последна работа која би сакал е да имам бугарски пасош

Во своето гостување во Дневникот на Сител претседателот на Социјалистичката партија на Македонија Љупчо Димовски по повод објавената листа со македонски високи функционери кои поседуваат бугарски пасош, на која се најде и неговото име, рече дека нема таков пасош, ниту државјанство.

- Не сум изненаден со оглед на тоа што го следиме од поодамна господинот Каракачанов. Можам да кажам дека последна работа која би сакал е да имам бугарски пасош. Немам јас таков пасош, ниту државјанство, изјави Димовски. 

За потсетување, бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов објави листа со имиња на наводни македонски високи функционери кои поседуваат бугарски пасош, но додаде и дека секое совпаѓање на имиња со луѓе кои заземаат водечки политички и јавни функции во Македонија може да биде случајно.