Димовски од Македонска Каменица најави нови инфраструктурни проекти
Нови инфарструктурни проекти најави денеска носителот на кандидатската листа за пратеници од коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ во ИЕ 3 Илија Димовски кој беше во посета на Македонска Каменица.
- Во посета сме на Македонска Каменица со цел да разговараме за проблемите и потребите на граѓаните и за програмата која ја има ВМРО ДПМНЕ. Најкрупни пректи кои треба да се истакнат се реконстркцијата на патниот правец од Виница кон Македонска Каменица и од Макеоднска Каменица кон Делчево, но и пробивањето нов регионален пат кон Крива Паланка што ќе значи нова алтернатива за сообраќајно финкционирање, истакна Димовски.
Ова е, рече, во рамките на програмата во која се опфатени повеќе од десетина нови регионални патишта кои ќе бидат изградени во овој регион, а голем дел ќе бидат реконструирани.
- Разговаравме со родители на деца со посебни потреби, пензионери, спортисти, со млади за сите програми кои досега Владата ги реализирала, но и за проектите од Општината. Градот денеска има сосема друг лик. Очигледна е поддршката на граѓаните за реализација на програмата. Апелот на сите е да не дозволиме редефинирање на државата, промена на уставот - двојазичност што би значела политичка дестабилизација на државата, напомена Димовски според кој луѓето од Македонска Каменица сакаат реални проекти, нова инфарструктура и поддршка од државата за нови работни места.
Ново на Сител
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите