Димовски: Државни субвенции за рестартирање на фирмите жртви на транзицијата
Носителот на листата во изборната единица 3 на пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ Илија Димовски денеска најави дека во наредните неколку години државата ќе го субвенционира рестартирањето на фирмите кои беа жртви на транзицијата.
- Проектот „Жртви на транзицијата“ ќе значи дека сите оние фирми кои што ќе стекнат сопственост врз имотот на поранешните стечајни фабрики кои што пропаднаа во транзицијата ќе добијат директна помош од држава. Во нашата изборна единица има многу такви пропаднати фирми, Винка Виница, Трска-Виница, Карпош-Крива Паланка, има во Берово, Свети Николе, Кочани, Велес за кои граѓаните подобро знаат, заради тоа што нивното пропаѓање го осетиле на свој грб, рече Димовски.
Државата, како што додаде, во следниот период ќе дава големи субвенции и поддршка на фирмите кои што ќе ги рестартираат тие капацитети.
- Големи даночни ослободувања, ослободување од персонален данок на вработените, грантови за вработување на поранешни стечајни работници се само дел од мерките кои ќе се спроведат. Тоа значи дека фирма која што ќе вработи стечаен работник ќе добива 4.000 евра грант и грантови за рестаратирање на капацитетите, односно за набавка на опреми за машини..., рече Димовски.
Ново на Сител
-
МВР откри терористичка ќелија која организирала напади во Македонија и регионот
-
Политички кризи предизвик за новинарите
-
Интеграциите во НАТО низ призма на новинарите
-
Патот на Македонија кон ЕУ низ призмата на Сител
-
Трагедии, храброст и вистина низ призмата на новинарството
-
Регионалните кризи - посебен новинарски предизвик
-
Новинарството под маски и визири во Ковид кризата
-
Од битка за срце до зумба часови - хуманата страна на новинарството