Димковски: Започна исплатата на „зелена нафта“ четири милиони евра кон 50.000 земјоделци
Во време на најголема светска економска и енергетска криза, Владата и институции предводени од СДСМ продолжуваат со конкретна грижа за сите граѓани.
Посветени сме на инвестиции во земјоделството со цел зголемување и поголема конкурентност на домашното земјоделско производство.
Започна распределбата на картичките за „зелена нафта“.
Околу 50.000 земјоделски стопанства ќе добијат 250 милиони денари или околу четири милиони евра за субвенционирана нафта за земјоделска механизација.
Распределбата ќе се одвива во цел месец октомври со цел земјоделците навремено да ја добијат оваа мерка која значи помали трошоци.
Со субвенционирата нафта ги олеснуваме условите за работа на домашните земјоделци и поттикнуваме зголемување на домашното земјоделско производство.
Тоа е особено важно во време на светска криза, кога се јавува недостиг на храна и земјоделски производи.
Истовремено, исплативме субвенции за 6.396 млекопроизводители во вкупна вредност од над 153 милиони денари.
Ова е субвенција за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко за периодот март, април и мај 2021 година, а веќе започна подготовката на налозите за исплата за јуни и јули.
Висината на директните плаќања изнесува 3,5 денари по литар произведено и предадено кравјо млеко и 4,5 денари по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко во преработувачки капацитети.
Со одговорни и навремени мерки за намалување на трошоците на земјоделците го зголемуваме домашното производство на храна.
СДСМ и во време на криза останува партнер и поддршка на сите земјоделци.
Прес-конференција на претседателот на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ, Трајан Димковски
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово