-->
-->
Димитровски: Рационално користење на водата за пиење во Кочанско
-->
Градоначалникот на Кочани Ратко Димитровски на денешната средба со одговорните од Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ ја согледа состојбата со водоснабдувањето во Кочани и деветте населени места кои се приклучени на градскиот водовод.
- Високите температури ја зголемија потрошувачката на вода.Поплаките на граѓаните од високите зони се се почести, па затоа на терен низ заедничка анализа ја согледавме моменталната состојба во која се наоѓа водоснабдителниот систем на Кочани. Констатиравме дека на располагање на граѓаните им стојат 280 литри вода во секунда, а потрошувачката на вода и во најголемиот шпиц на денот изнесува 240 литри вода во секунда. Констатиравме дека несовесниот однос на одделни граѓани од полските населени места кои во перидот од 16 до 22 часот ги полеваат своите бавчи и градини предизвикува недостиг од вода по одделни делови на градот, истакна по денешната средба градоначалникот Ратко Димитровски.
Ваквата појава ќе биде санкционирана за што екипи од КЈП„Водовод“ се натерен и ја согледуваат фактичката состојба.
Директорот на КЈП „Водовод“ Љупчо Папазов на прес-конференцијата истакна дека со четирите препумпни станици во градот и реконструираната водоводна мрежа граѓаните квалитетно и навремено се снабдуваат со вода. Новите инвестиции за иградба на уште две препумпни станици во населбата Трајаново трло и во Високата зона на Кочани во вредност од по еден милион и 900 илјади денари ќе придонесе Кочани и населените места да имаат квалитетно водоснабдување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари