Македонија
28. November 2017 - 9:18

Димитров во Вашингтон на средби со Вес Мичел и Хојт Ји

Билатералната соработка со САД, актуелните состојби во Република Македонија, како и во регионот ќе бидат теми на денешните средби на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров со високи претставници на американските власти. 

Димитров, според агендата, ќе има средба со помошник-државниот секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот, Вес Мичел.

Тој ќе се сретне и со заменик-помошникот државен секретар за Европа и Евроазија Хојт Брајан Ји. 

Предвидени се и средби со Моли Монтгомери, специјален советник за Европа и Русија во канцеларијата на потпретседателот на САД Мајк Пенс и Строуб Талбот од Брукингс Институтот.

За утре е предвидено одржување на конференцијата Atlantic Council, а на еден од панелите на конференцијата ќе се обрати и Димитров. Предвиден е лајф стриминг на веб страницата на Atlantic Council.