Димитров во посета на Шпанија, на маса и ратификација на Пристапниот протокол за НАТО
Шефот на дипломатијата Никола Димитров утре ќе престојува во работна посета на Кралството Шпанија, на покана на министерката за надворешни работи, ЕУ и соработка, Аранча Гонзалес Лаја.
Како што соопшти МНР, на агендата на разговорите на двајцата министри ќе се најдат прашањата за заокружувањето на процесот на ратификација на Пристапниот протокол за членство на нашата земја во НАТО, од страна на шпанскиот Парламент, соработката во рамките на евро-интегративниот процес на Република Македонија, како и тековната состојба и перспективите за унапредување на севкупните билатерални односи.
Во рамките на посетата на Мадрид, министерот Димитров ќе се сретне и со претседателот на Долниот дом на шпанскиот Парламент, Меричел Батет.
Собранието на РМ поради распуштање за предвремените парламентарни избори минатата недела предвреме го усвои протоколот за членство на државата во НАТО, а ратификацијата почнува да важи по објавата во „Службен весник“ откога шпанскиот парламент ќе ја изгласа како последна 29-та членка на НАТО. Со тоа ќе се заокружи процедурата и државата ќе стане 30-та полноправна членка на алијансата.
Ново на Сител
-
Сончево и топло до крајот на неделава со температури до 27 степени
-
Општините ќе одлучуваат дали ќе ги легализираат или рушат дивоградбите
-
Американската централна банка потврди рекордна загуба
-
Приведен крадец во Кочани, расчистени седум кривични дела
-
Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија
-
Кралот на Маорите на Нов Зеланд сака на китовите да им даде основни човекови права
-
Светски берзи: Скок на цената на нафтата, пад на цената на златото и пченицата
-
Трет ден потрага по Данка, проверка на базните станици и телефоните на родителите