Македонија
27. October 2020 - 16:38

Димитров во Париз по француска поддршка за првата меѓувладина комисија

Потрага по француска поддршка на евроинтегративниот пат. Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во дводневна посета на еден од стожерите на Унијата, на средби на кои ќе се обиде да обезбеди ветер во грб во пресрет на одлуката за почеток на преговорите.

Потребен ни е брз консензус околу усвојувањето на преговарачката рамка, бидејќи тоа ќе значи и успешна трансформација на нашето општество, нагласи Димитров во Париз, по средбата со францускиот државен секретар за европски прашања Клеман Бон.

Долгорочен проект кој заедно ќе го градиме. Вака францускиот политичар го оцени патот на Македонија кон Унијата, потенцирајќи ја важноста на новата методологија.

Соговорниците се согласија дека со усвојувањето на рамката и одржувањето на првата Меѓувладина конференција ќе се валоризираат сите напори и успеси што ги постигнавме изминатиов период и од аспект на реформите, но и во однос на затворањето на билатералните прашања со соседите.