Димитров во Грац на дебата за Преспанскиот договор и евроинтергацијата
„До Европа преку Преспа: Европската интеграција на Северна Македонија“ е темата на предавањето, кое шефот на дипломатијата Никола Димитров ќе го одржи денеска на Универзитетот во Грац, а кое потоа ќе биде проследено со отворена дискусија.
Димитров денеска престојува во работна посета на Грац, на покана на Универзитетот во австрискиот град, а посбен акцент на предавањето ќе биде ставен на Договорот од Преспа, „европеизацијата“ како процес кој придонесува кон надминување на конфликтите и споровите во регионот, како и актуелните предизвици и идните перспективи на патот кон Европската унија. Министерот за надворешни работи ќе има средба со раководството на Универзитетот.
За време на престојот во Грац, Димитров ќе има работна средба со државниот советник за економија, туризам, Европа, наука и истражување во локалната Влада на Штаерска, Барбара Ајбингер, како и неформална дискусија со претставници од академската и бизнис заедницата.
На средбите се очекува да се разменат мислења за европската интеграција на земјата, досегашните остварувања на планот на реформската агенда, како и можностите за продлабочување на академската и економската размена и соработка.
Ново на Сител
-
Макрон ја повика Русија на примирје за време на Олимпијадата, Кремљ „ладно реагираше“
-
ОН бара израелските сили да запрат со „активното учество“ во нападите на доселениците врз Палестинците
-
Вучиќ со Лајчак за зголемените предизвици со кои се соочува Србија
-
Патрушев: Потврдена поврзаност меѓу извршителите на нападот во салата „Крокус“ и украинските националисти
-
21-годишник тешко повреден откако излетал од коловозот
-
ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието
-
Изнемоштените и болните до полноќ можат да се пријавуваат за гласање на претседателските избори
-
Убиена жена во Пеќ, втор случај на фемицид во Косово за пет дена