Македонија
16. September 2020 - 11:04

Димитров во Атина бара поддршка за старт на преговори

Во рамките на првата владина посета во странство предводена од премиерот Заев, вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров поладнево во Атина ќе има и одвоени средби со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас и со алтернативниот министер задолжен за европски прашања Милтиадис Варвициотис.

Главна тема на средбите ќе биде поддршката и помошта на Грција за почетокот на пристапниот процес на Северна Македонија со ЕУ, како суштински дел во новото поглавје на односите меѓу двете соседни земји.

 

Иван Кузмановски