Димитров: Ветувањето на ЕУ кон регионот најблаго и најдипломатски кажано е разнишано
Грција на некој начин го иницира ветувањето на ЕУ кон регионот на Самитот во 2003, меѓутоа Грција по решавањето на проблемите што ги имавме со нив сега се однесува најприродно и најнормално како што треба да се однесува земја што се граничи со овој период. Земјите членки на ЕУ кои се дел од нашиот регион, најголем бенефит ќе имаат ако успее европската приказна – ќе добијат пријатели, предвидливост и сојузници, изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, во гостувањето на „Утрински брифинг“.
Димитров, посочи дека на покана на грчкиот заменик министер за надворешни работи Милтијадис Варвициотис денеска заминува на разговори во врска со иднината на земјите од Балканот во ЕУ во Солун, каде како што рече, во 2003 година на Самитот на ЕУ беше дадено ветувањето на ЕУ за вклучување на Балканот во своите редови.
– Овој собир се случува во момент кога тоа ветување најблаго и најдипломатски кажано е разнишано. Многу од граѓаните, па и владите на Балканот веќе не се уверени дека ЕУ е сериозна и искрена кога зборува за европска перспектива на земјите од Балканот. Затоа ова ќе биде прилика да поразговараме на овие теми во Солун, градот каде е дадено ветувањето кон регионот, изјави Димитров.
Во врска со наводниот нон-пејпер, Димитров, рече дека првпат му бил испратен од новинар, заедно со новинарско прашање „што е и дали е веродостојно“, и дека начинот и формулациите во него му личат на „балканска ујдурма“.
– Првиот впечаток ми беше, бидејќи сум гледал и многу нон-пејпери и документи, во англиската граматика, терминологијата и во суштинските тези, приодот кон проблемот на македонско-бугарските односи во последните две години е многу далеку од реалноста. Направив неколку телефонски разговори и јасно е дека некој прави некаква идеја. Сигурно претпоставува дека е од регионот, некој тука. Бугарија е пред избори, кај нас има локални, а можеби е и некаква домашна „ујдурма“ малку да се подзоврие таа тема, па малку и некој политички поен можеби, меѓутоа се тоа се шпекулации, изјави Димитров.
Во врска со односите со Бугарија Димитров вели дека на тој план не се случува ништо со оглед на тоа што Бугарија е пред трети вонредни парламентарни избори кои ќе се одржат заедно со претседателските.
– Има контакти на дипломатско ниво, на експертско и работно ниво. Ние сме сепак соседни држави, но јасно е дека политички соговорник нема и треба да чекаме бугарскиот народ да се одлучи на избори, изјави Димитров.
Ново на Сител
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје