Македонија
26. јуни 2019 - 16:22

Димитров: Со разбирање и меѓусебна почит можат да се решат сите прашања со Бугарија

Министерот Димитров е оптимист дека македонско бугарската комисија ке постигне договор околу ликот и делото на Гоце Дечев. Тој е убеден дека ваквите прашања , колку и да се сензитивни, не  треба да бидат причина Бугарија, со која е потпишан Договорот за пријателство,  да го блокира македонскиот пат кон ЕУ. Димитров  најави дека  ова ке  биде тема и на утрешните разговри  во Софија, каде тој  ќе присуствува на состанок на Црноморската иницијатива.

-Убеден сум дека македонскиот успех во смисла на европската интеграција е многу важен и за соседна и пријателска Бугарија и ќе најдеме начин тие не само да не бидат пречка, туку да бидат и промотор како што впрочем беа и минатата година во Советот за општи работи и неодамна на последниот што се одржа во Луксембург, рече Димитров, на прес – конференцијата по средбата со министерката за надворешни работи на Кралството Норвешка Ине Ериксен Сореиде, која е во посета на земјава.

Во европската перспектива на земјава, но на целиот Западен Балкан верува и шефицата на норвешката дипломатија, иако нејизната земја не е членка на ЕУ.

Норвешка е една од земјите членки на Алијансата кои  веке го ратификуваа протоколот за пристапување на Македонија  во Северноатлантскиот сојуз.  Во последниве две  години Осло ги удвои средствата  за  Западен Балкан. За македонија средставата се наменети за подобрување на владеење на правото, создавање на работни места за младите и подготовки за пристапниот процес  за НАТО и ЕУ, истакна министерката Сореиде.