Димитров: Со Грција работиме на повторно отворање на преминот Маркова нога-Герман
Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска изјави дека владите на Македонија и на Грција работат на повторно отворање на граничниот премир Маркова Нога - Герман, во Преспа.
Димитров одговарајќи на пратеничко прашање на Бети Рабаџиевска Наумовска кажа дека на неодамнешната средба во Давос на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, еден од чекорите што ќе го направи грчката страна во насока на подобрување на климата во односите меѓу двете земји е отворањето на овој премин.
- Истовремено и од наша страна и од грчка страна се отворени разговори со ЕК во смисла на финансирање и на овој проект и пошироко на прекуграничната соработка во регионот. Таму имаме и национален парк што ги поврзува и трите држави, Македонија, Грција и Албанија. Очекувам резултати во наредните неколку месеци. Има некои работи што од нивна страна треба да си ги завршат дома, изјави Димитров.
Преминот Маркова нога – Герман, според него, долго време е на дневниот ред во нашата надворешна политика и односите кон Грција.
- Меѓу другото, јас на мојата прва средба со министерот Коѕијас на 14 јуни во Атина го отворив и ова прашање, додаде шефот на дипломатијата.
Климата кон ова прашање и во Грција видно се подобрува благодарение на отворањето на земјите последниве месеци едни кон други.
- Неодамна имаше меѓуресорска средба посветена токму на ова прашање во Атина со кое што претседаваше министерот Коѕијас. Има видно подобрување и на климата на градоначалниците во тој дел на Грција што гравитираат кон граничниот премин и кон Преспа. Мислам дека ова е многу добро за прекуграничната соработка, и каде што може да покажеме динамика што ќе помогне и за други прашања, рече Димитров.
Ново на Сител
-
Излезеноста во Куманово до 15 часот 33 проценти, во Липково 25, во Старо Нагоричане 35
-
Излезеноста на изборите до 15 часот во Дебар 22, во Центар Жупа 13,11 отсто
-
Во Новаци гласале повеќе од половина жители, најмала излезност во Центар Жупа
-
Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто
-
24-годишна девојка нападната од нејзиниот невенчан сопруг
-
Силувана малолетничка во Шуто Оризари
-
Во Крива Паланка излезноста до 13 часот е 42,08 отсто
-
Излезноста до 13:00 часот во Делчево и М.Каменица се движи од 24 до 29 отсто