Димитров се сретна со Рот и Хекер, порака за заеднички напори за преговори со ЕУ со паралелен фокус на домашните реформи
Во неколку наврати изминатава година и половина бевме исклучително блиску до постигнување успех и валоризација на заедничките напори за отворање ЕУ преговори со Македонија. Доколку сакаме да се даде натамошно охрабрување на реформските процеси и да не дојде до поткопување на значајните достигнувања кои земјата ги постигна, како и да се сочува кредибилитетот и влијанието на ЕУ во регионот, неопходно е да се зграби првата следна прилика за донесување на долгоочекуваната и заслужена одлука.
Тоа го нагласил министерот за надворешни работи Никола Димитров на средба со државниот министер при Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија, надлежен за Европа, Михаел Рот, во рамки на првиот ден од работната посета на Берлин.
На средбата, соопштија од МНР, бил направен рекапитулар на актуелните состојби во Македонија, регионот на Западен Балкан, како и на ниво на ЕУ во однос на дискусиите со новата методологија за пристапни преговори и изградбата на консензус меѓу земјите-членки за одлука за почеток на преговорите.
Министерот Рот посочил дека ја споделуваат разочараноста заради неможноста Македонија да го направи заслужениот чекор напред.
– Ќе ги продолжиме заедничките напори за постигнување на оваа цел во одлучувачкиот период пред нас. Паралелно, фокусот да се задржи на ЕУ реформите дома, рекол Рот.
Шефот на дипломатијата Димитров остварил средба и со Јан Хекер, советник за надворешна политика на канцеларката Ангела Меркел, на која била истакната недвосмислената поддршка на Кабинетот на Канцеларката за отворање на пристапните преговори со Македонија.
Посетата на Берлин продолжува и утре, со учество на Втората средба од висок ранг на германско-француската иницијатива за сеопфатна контрола на мало и лесно оружје во земјите од Западен Балкан, а предвидени се и средби на маргините на конференцијата. Воедно, министерот, како што е најавено, ќе учествува и на работен ручек, организиран од германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас.
Ново на Сител
-
Фармерите на истокот од земјата се организираат да го спречат ширењето на африканската свинска чума
-
Охрид и ова лето без најавуваната “марина”
-
Поскапе цената на медот, поради што луѓето го третираат како луксуз
-
Нова голема експлозија на Крим
-
За власта нема ништо спорно – опозицијата обвинува за цензура во учебниците
-
Тема на денот со профeсор Драги Ѓоргиев, копретседател на историската комисија
-
Веспрем прв учесник на фајнал-форот во СЕХА лигата
-
Историската комисија објави што договорила, зошто ќе се слават заеднички пет личности?