Димитров се сретна со пратеници на германскиот Бундестаг
- Шефот на дипломатијата Никола Димитров вчера оствари средба со Јосип Јуратовиќ и Мартин Розман, пратеници во германскиот Бундестаг од партија СПД, како и со претставници од Фондацијата „Фридрих Еберт“, на која изрази благодарност за исклучително значајната поддршка на Германија во изминативе месеци во насока на напредокот на Македонија на патот кон ЕУ и НАТО.
Како што соопшти МНР, Димитров изразил задоволство и од важната улога што германскиот Бундестаг ја има во овој процес.
Информирајќи за текот на реформите и имплементацијата на постигнатиот Договор за решавање на билатералниот спор со Грција, Димитров нагласи дека „зголемениот интерес и зачестените посети на официјални германски претставници се јасна порака за тоа каква Македонија нашиот најважен европски партнер поддржува и силно охрабрување за чекорите што мораме да ги изодиме во овој клучен период за нашата земја и нејзините граѓани.“
Германските пратеници Јуратовиќ и Розман го поздравија видливиот напредок на Македонија на планот на реформите и во процесите на приближување кон ЕУ и НАТО, посебно акцентирајќи го постигнатиот Договор со Грција.
Јуратовиќ потенцираше дека договорот претставува „светла точка не само за двете земји, туку и за целиот Балкан и Европа и јасен пример за тоа дека две демократии можат да дојдат до договор и за најкомплицирани прашања, единствено преку отворен дијалог и политика на компромис“.
Јуратовиќ оцени дека овој успех претставува и поттик за сите демократски сили во регионот и пошироко и дека официјален Берлин силно го поддржува и активно се залага за целосна имплементација на договорот.
На средбата беше изразено заемно задоволство од одличната билатерална соработка меѓу Македонија и Германија и позитивната динамика во комуникацијата со претставниците на германскиот Бундестаг, а беа разменети и мислења за актуелни прашања од поширок регионален карактер.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.