Димитров се сретна со новоименуваниот ополномоштен и вонреден австриски амбасадор Вуцас
Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска го прими новоименуваниот австриски амбасадор Георг Вуцас, кој му ги предаде копиите на акредитивните писма за негово именување за амбасадор на Република Австрија во земјава, соопшти Министерството за надворешни работи.
Димитров му посакал срдечно добредојде и успех во вршењето на функцијата, изразувајќи увереност за натамошно интензивирање на односите меѓу двете пријателски земји во текот на неговиот мандат. Тој го запознал соговорникот со степенот на постигнатите реформи и перспективите на евроинтегративните процеси на државата во контекст на очекувањата за добивање позитивна одлука на Советот на ЕУ во октомври.
Како што информира МНР, посебен акцент во разговорот бил ставен и на динамичниот политички дијалог меѓу двете земји, како и на економската соработка, со желба тој тренд да продолжи и уште повеќе засили за време на неговиот ангажман во Северна Македонија.
Амбасадорот Георг Вуцас изразил задоволство од можноста лично да придонесе во зајакнување на традиционалното македонско-австриско пријателство, како и за продолжување на поддршката на Австрија на патот за приближување на Северна Македонија кон европското семејство.
Тој, како што соопшти МНР, нагласил дека ќе се заложи да даде личен белег и придонес за дополнително збогатување на веќе динамичната билатерална соработка во повеќе сфери од заемен интерес.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност