Димитров се сретна со новата амбасадорка на Шведска, Кристин Форшгрен Бенгтсон
Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска ја прими новоименуваната амбасадорка на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Кристин Форшгрен Бенгтсон, која му ги предаде копиите на акредитивните писма.
Од МНР соопштија дека Димитров и’ посакал срдечно добредојде и успех во вршењето на функцијата, изразувајќи увереност дека односите меѓу двете пријателски земји ќе продолжат успешно да се развиваат и за време на нејзиниот мандат. Притоа, министерот Димитров се заблагодарил за континуираната поддршка на Шведска во евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија. Во таа насока изразил очекување за засилена поддршка на Шведска во претстојниот период со цел позитивна одлука на Европскиот совет во октомври.
Амбасадорката Бенгтсон изразила задоволство од можноста лично да придонесе во зајакнување на македонско-шведското пријателство и да почне со својата работа во овој значаен период за нашата држава. Таа ја повторила поддршката на шведската Влада за продолжување на нашата реформска агенда и што поскоро остварување на нашите стратешки цели.
Ново на Сител
-
Заев: Со Албанија и Хрватска си подадовме рака пред 16 години, посилни и помоќни сме заедно
-
Мицкоски: Заев да понесе одговорност што е меко ткиво за негаторски теми и аспирации
-
Што симболизира црвената боја за Македонија
-
Шекеринска-Шидер: По успехот во НАТО Северна Македонија очекува вреднување на сработеното и од ЕУ
-
Магла кај Страцин, на Попова Шапка и на Ѓавато
-
Димитров за ставот на БАН: Лесно е да се растури, тешко е да се гради
-
Заев – Холтхоф Пфорнер: Силна поддршка од Германија за напредокот на Македонија
-
Нормализиран сообраќајот на патот Катланово-Велес