Димитров: Решени сме да бидеме победници останувајќи посветени на европските реформи
Министерот за надворешни работи Никола Димитров на вториот ден од работната посета на Брисел, оствари повеќе средби во Европскиот Парламент со: Дачијан Чолос, претседател на групата Обнова на Европа, со Андреас Шидер, копретседавач со Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-МК, Илхан Кјучук, известител за Македонија во Европскиот Парламент, како и со групата европратеници Пријатели на Македонија во ЕП.
Како што соопшти МНР, на брифингот со неформалната парламентарна група Пријатели на Македонија, чиј иницијатор е словенечката европратеничка Ирена Јовева, министерот Димитров изрази благодарност за континуираната поддршка од страна на ЕП за евроинтегративниот процес на Република Македонија, со очекување дека таа ќе биде зајакната со новиот состав на ЕП. Во оваа прилика, се додава, тој ги информираше соговорниците за последните реформски активности и конкретните резултати, а се осврна и на регионални прашања и нашите напори за унапредување на добрососедските односи. Министерот Димитров изрази почитување за реакцијата на поддршка на ЕП преку донесената резолуција со која се повикува ЕУ да донесе одлука за почеток на пристапните преговори со Македонија и Албанија, веднаш по октомврискиот самит на ЕУ.
-Државите, како и луѓето, имаат потреба од пријатели. Со пријателите патот е помалку стрмен! Решени сме да бидеме победници останувајќи посветени и напорно да работиме на европските реформи, рече Димитров.
Европратениците од своја страна, се наведува, позитивно ги оценија реформските постигнувања и дадоа силна поддршка за исполнување на европската стратешка цел на Македонија, што поскоро.
Министерот Димитров денеска се сретна и со Бјорн Сиберт, шеф на кабинет на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на која од двете страни беше искажана цврста заложба за зајакнување и валидирање на европската позиција на Македонија.
-Доколку новите ЕУ институции имаат похрабри стратешки цели и поширок геополитички видик, нашиот пример е одлична можност да се докаже дека пристапниот процес е вистинска алатка за европска трансформација на државите во регионот, истакна Димитров на средбата, стои во соопштението од МНР.
Ново на Сител
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени