Македонија
25. July 2018 - 8:25

Димитров пред пратениците ќе реферира за надворешната политика

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат комисиите за надворешна политика и за транспорт, врски и екологија. 

Пред членовите на Комисијата за надворешна политика ќе се најдат извештајот на министерот за надворешни работи Никола Димитров за остварувањето на надворешната политика и меѓународната положба на Република Македонија, а ќе бидат претставени платформите за дипломатските активности на вонредните и ополномоштени амбасадори на Република Македонија во Осло, Кралството Норвешка Серџим Мухамед, во Република Полска Васил Пановски, во Црна Гора Михајло Трпкоски и во Oбединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Александра Миовска.

На дневен ред на седницата е и завршниот извештај на Пајо Авировиќ вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во државата Израел, за време на извршување на мандатот (3 март 2014 година - 28 февруари 2018).

Членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија пак ќе ги разгледаат измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и измените и дополнување на Законот за основање на Јавно претпријатие Македонска радиодифузија, двата во второ читање.