Димитров: Отворањето пристапни преговори нуди повеќе придобивки и можности
Отварањето пристапни преговори со Република Северна Македонија нуди повеќе придобивки и можности за процесите на трансформација дома, за кредибилноста на процесот на проширување, за идните компромиси како двигател на позитивите промени, како и за неминовноста да созрееме заедно и да го забрзаме темпото кон Европската унија. Мора да создадеме чувство на заедништво и преземеме колективна акција. Стабилноста и просперитетот на земјите во регионот се меѓузависни.
Тоа се дел од пораките на министерот за надворешни работи Никола Димитров изнесени денеска на работниот појадок со неговите колеги од Западен Балкан и со Мачеј Поповски, заменик генерален директор во Директоратот за соседство и преговори за проширување (DG NEAR), на маргините на 74. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.
Состанокот е во организација на Регионалниот совет за соработка (RCC) и на него се дискутираа прашања поврзани со европската перспектива и регионалната соработка во светло на заклучоците и заложбите од Самитот за Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес што се одржа во Познан, Полска во јули годинава.
Димитров посочи дека како иден копретседавач (прва земја од Западен Балкан, заедно со Бугарија, институциите на Република Северна Македонија ќе дадат максимум во функција на дополнителна афирмација на европската агенда во регионот и нејзината целоисходност во регионални рамки, преку практични проекти и иницијативи од приоритетно значење на граѓаните, соопшти Министерството за надворешни работи.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари