Македонија
11. April 2018 - 16:13

Димитров очекува тешка рунда разговори за спорот за името со Коѕијас, но е оптимист дека ќе се постигне напредок

Шефот на македонската дипломатија е оптимист за напредок пред утрешната средба со Никос Коѕијас во охрид, иако смета дека разговорите ќе бидат тешки.

Димитров вели дека процесот се наоѓа во деликатна фаза, но сепак очекува прогерс.

Грчкиот шеф на дипломатијата вечерва доаѓа во Охрид, а утре се очекуваат темелни разговори, кои во грчката јавност се оценуваат и како критични.

Опсегот на употреба на името, за кое Грција исистира да биде ерга омнес и промена на Уставот се дел од точките најтешки за преговори.

За јазикот и идентитетот, медиумот пишува дека грчката страна индиректно признала постоење македонски идентитет, повикувајќи се на изјавата на премиерот Ципрас од декември во Белград, во која вели дека ние не сме единствените Македонци.

За македонскиот јазик, пак се нотира дека е признат од Обединетите нации уште од 1977-ма година.

Инаку, дел од медиумите во Грција, но и во Македонија веќе објавија дека пред утрешната средба во Охрид најверојатно ќе се водат разговори за овие критични точки.

Според пишувањата на Катимерини, повикувајќи се на свои извори  името веќе било договорено, Горна Македонија, а јазикот ќе се дефинира како Македонски со фуснота дека е дел од словенската група јазици.

Државјанството ќе се дефинира како и името на државата Горна Македонија.

МАРЈАН НИКОЛОВСКИ