Македонија
2. July 2020 - 16:52

Димитров: Нема политика во затворените граници на земјите од ЕУ за македонците

Македонија не размислува да ги затвори границите како реципроцитет за спуштените рампи кон земјите од Европската унија. Министерот за надворешни вели дека дневно се следи бројот на заразени во државите од што и ќе зависи дали земјава ќе воведе рестрикции за влез на странски државјани. Димитров уверува дека забраната за влез на македонски државјани во ЕУ нема поврзаност со политика а тоа може да се промени само ако се намали бројот на заразени со корона вирус.

Во меѓувреме, Комисијата за заразни болести најави дека веќе утре ќе се разговара за можно затворање на границите со Србија и Косово откако таму е забележан пораст на бројот на заразени. Со Грција пак се бара начин за влез на македонските стопанственици.

Во моментов, македонските граѓани единствено може да патуваат во Србија, Косово и Албанија. Транзит низ државава без ограничување е дозволен за сите странски патници.

Од друга страна, повеќе земји, како Германија, Австрија, Унгарија и други не ја почитуваа зелената листа на трети земји препорачана од ЕК.