Македонија
4. May 2021 - 16:42

Димитров: Не смееме да се откажеме од преговорите со ЕУ

Раздвојувањето на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ е ризик кој унијата не смее да го преземе. Оваа порака ја испрати австриската министерка за Европа и Устав по средбата со вицепремиерот Димитров. Вели дека за Австрија не се разбирливи препреките кои Бугарија и ги поставува на Македонија, но земјата се нуди да биде посредник во овие преговори.

Вицепремерот Димитров пак без прецизен одговор, какви шасни има Македонија на претстојниот самит на Евроспкиот совет со оглед на политичката криза во Бугарија. Вели дека земјава не смее да се откаже од преговорите без разлика кога и каква влада ќе формира Софија.

- Нас во јуни 2018 година ни рекоа – го цртаме патот да почнете преговори во јуни 2019 година. Во јуни 2019 година ни рекоа, сепак ќе одлучиме во октомври 2019, а во октомври 2019 година ни рекоа, не можеме сега да донесеме одлука. Одлуката се донесе во март 2020 година, меѓутоа уште не може да биде спроведена. Затоа сум се поискрен и се поотворен и мислам дека вистински тест за ЕУ е токму нашиот случај, ние сме земја кандидат 16 години, а во нивото на усогласеност сме апсолутно во слична, а во определени области и во подобра кондиција со државите кои веќе многу години се во пристапниот процес, истакна Димитров.

Слични пораки вчера пристигнаа и од германскиот министер за надворешни работи и од Европската комисија. Македонија и Албанија треба заеднички да го одат патот кон европската интеграција, но земјава мора прво да го реши спорот со Бугарија.