Димитров: Не гледам ризик за излез на Македонија од Отворен Балкан во случај на промена на власта
Не гледам никаков ризик на повидок за илез на Македонија од иницијативата Отворен Балкан доколку дојде до проемна на власта во земјата како резултат на локалните избори, одговари на новинарско прашање вицепремиерот Никола Димитров на прес-конференцијата после состанокот на Отворен Балкан во Белград, јави дописникот на МИА од Белград.
-Не мислам дека политичката состојба во мојата земја има достигнато ниво на фер конкуренција и за владата би било подобро ако имаме таква конкуренција каде политичките учесници ќе покажат кој може да направи нешто подобро, дури и ако ги поврзаме резултатите од локалните избори со Владата, одговори Димитров.
Тој хипотетички говорејќи кажа дека мнозинството граѓани во земјава сакаат да одат напред и да имаат добрососедски односи и регионална соработка.
-Дури и да дојде до промена на власта, волјата на граѓаните ќе биде таква да кој и да дојде на власт, ќе мора да оди напред што значи европеизација, јакнење на демократијата, економијата што бара блиска соработка со нашите соседи. Затоа не гледам никаков ризик на повидок за излез на мојата земја од иницијативата, изјави Димитров.
На ова новинарско прашање се надоврза и српскиот претседател Александар Вучиќ кој кажа дека не е реално сега Македонија да ќе ги прекине или да ги влоши односите со Србија и Албанија.
Ново на Сител
-
ЦУК со апел за внимателност поради најавените метеоролошки промени
-
Во Грција уапсени 67 лица за спортско насилство и убиство на полицаец
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи