Димитров на проштална среба со амбасадорот на Црна Гора, Предраг Митровиќ
Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска го прими во проштална средба амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Предраг Митровиќ, соопшти МНР.
На средбата соговорниците разменија мислења за сèвкупните односи меѓу двете држави и постигнатите резултати на овој план, при што изразија задоволство од досегашната одлична билатерална, регионална и мултилатерална соработка, со решителност за нејзино збогатување во сите области од заемен интерес.
Министерот Димитров изрази благодарност и за силната поддршка што Црна Гора ја дава за ЕУ и НАТО интеграциите на Република Македонија и се заблагодари за личниот придонес на амбасадорот Митровиќ во унапредувањето на сèвкупните билатерални односи, упатувајќи желби за негов натамошен успешен, професионален ангажман. Во тој контекст, на амбасадорот Митровиќ му беше врачена благодарница за неговиот придонес во промоцијата на пријателството и сорботката меѓу Република Македонија и Црна Гора, се вели во соопштенито од МНР.
Ново на Сител
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Трет ден потрага по Данка, родителите повторно во станица
-
Предизборно финале – партиите ги финализираат листите
-
Стариот парламент ќе инаугурира нов шеф на државата - конститутивна седница за новите пратеници на 28 мај