Димитров на неформалниот министерски состанок на ОБСЕ во Словачка
На покана на словачкиот министер за надворешни и европски работи и претседавач на ОБСЕ, Мирослав Лајчак, шефот на дипломатијата Никола Димитров ќе учествува на неформалниот министерски состанок на ОБСЕ што денеска и утре ќе се одржи во Штрбско Плесо – Високи Тарти, во Словачка.
Како што соопштија од МНР, на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи ќе се разменат мислења за актуелните состојби во регионот на ОБСЕ, а во функција на редовниот годишен министерски состанок што ќе се одржи во декември оваа година во Братислава.
-Имајќи ја во предвид повеќедецениската успешна активност на Организацијата, се очекува дискусиите да се фокусираат на потенцијалот на ОБСЕ и придонесот во превенирањето и решавањето на конфликтите. Во пресрет на одбележувањето на 20 години од Истанбулскиот Самит кога Организацијата донесе клучни одлуки за адаптирање кон новите состојби по завршувањето на студената војна, се предвидува министрите да разговараат и за идните активности на ОБСЕ со цел таа да одговори на сѐ поголемите безбедносни трендови и предизвици, стои во соопштението.
Покрај учеството на пленарните сесии и работниот ручек, предвидено е, како што се посочува, министерот Димитров да оствари и билатерални средби со своите колеги.
Ново на Сител
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница

