Димитров на форум на ЦЕПС во Брисел
Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска ќе учествува на форумот ЦЕПС Идеас Лаб 2018, во Брисел организиран од страна на Центарот за европски политички студии.
Како што соопшти МНР, предвидено е Димитров да има свое излагање на две сесии на настанот: „Копенхашката дилема на ЕУ: Зачувување на владеењето на правото пред и по пристапувањето?" и „Западен Балкан: црна дупка во Европа?"
Ова е еден од главните годишни настани на ЦЕПС, кој што ги собира највисоките европски лидери и креатори на политики да дискутираат за теми и прашања важни за сегашните и идните политики на Европската унија.
Годинашната дебата насловена „Европа – повторно на вистинската патека", ќе биде отворена од претседателот на Комисијата Жан-Клод Јункер, следена од низа дискусии на истакнати европратеници и национални креатори на политики и заедничко завршно излагање на министерот за надворешни работи на Белгија, Дидие Рејндерс и Лилјана Павлова, бугарскиот министер за претседателство со ЕУ, наведуваат од МНР.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација