Македонија
28. February 2019 - 10:05

Димитров на „Делфи економскиот форум“ во Грција

 Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров ќе биде еден од учесниците на „Делфи економскиот форум“ во Грција, што започнува денеска, а ќе трае до 3 март, јави дописничката на МИА од Атина.

Според официјалната агенда, Никола Димитров утревечер ќе има обраќање на пленарната сесија, а ќе говорат и грчкиот премиер Алексис Ципрас, шефот на кипарската дипломатија, Никос Христодулидис, вицепремиерката на Романија, Ана Бирчал, вицепремиерот и министер за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

Свеченото отворање на форумот е закажано за денеска попладне со обраќање на претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис, претседателката на Европскиот културен центар во Делфи, Хелен Арвалер, европскиот комесар, Христос Стилианидис и израелската министерка за социјална еднаквост, Гила Гамлиел.

Форумот оваа година се одржува по четврти пат, ќе учествуваат претставници од над 24 земји, околу 500 говорници од целиот свет со 95 тематски делови